фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

ВИДЕО | Ѓоковиќ откри што сака да прави по крајот на кариерата: Сакам да го тренирам, но ќе бидам скап, нека се подготви

Новак Ѓоковиќ со сигурна победа го отвори својот настап на овогодинешниот САД Опен, совладувајќи го Лирнер Тиен со 3-0 во сетови. Но, по мечот српскиот тенисер се најде во центарот на вниманието и поради една ситуација во разговорот со новинарите.

Ѓоковиќ веќе го стигнуваат годините, па така му беше поставено и прашањето дали размислува за крај на кариерата. Српскиот ас, кој во тој момент доаѓаше на средбата со новинарите токму по младиот Жоа Фонсека, не пропушти да се пошегуваа во свој стил.

„Кога ќе одам во пензија, сакам да го тренирам Жоаo Фонсека. Ќе бидам скап за него, па нека се подготви“, искоментира Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот