фото: EPA-EFE/STR

ВИДЕО | Ѓоковиќ го совлада Надал во последниот меч на најголемите ривали

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои третото место на егзибицискиот турнир „Слемот на шест кралеви“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Ѓоковиќ дојде до третата позиција откако го совлада Шпанецот Рафаел Надал со резултат 6:2 и 7:6 (7:5).

Тоа беше, како што беше најавено, последниот дуел на двајцата тенисери кои одиграа најмногу мечеви досега и заедно освоија 46 Грен слемови.

Надал ја завршува кариерата по финалето на Дејвис купот, а ќе остане евидентирано дека против Ѓоковиќ одигра 60 официјални мечеви и дека резултатот е 31-29 за српскиот тенисер.

– Прво, сакам да се заблагодарам на неговата екселенција и на целиот тим за организирањето на одличен турнир. Честитки, беше одлично искуство, благодарам што ни се јавивте повторно, сега е доста често, двапати бев тука за помалку од една година. Прекрасно е да се игра овде пред страсна публика, ви благодарам што дојдовте овде во голем број и покажавте дека го сакате тенисот, ви благодарам, супер бевте – рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер зборуваше и за својот голем ривал и пријател:

– Сега, за Рафа, не знам од каде да почнам… Ќе се вратам на првиот меч кога игравме во 2005 година мислам дека беше… Знаете, кој би помислил дека ќе бидеме стоејќи овде 20 години подоцна, со повеќе од 60 мечеви меѓу себе на најголемата сцена во овој спорт. Немам ништо друго освен најголема почит за тебе, неверојатен спортист, неверојатна личност. Знаете дека нашето ривалство беше големо и интензивно и се надевам дека сега ќе можеме да седнеме некаде на плажа, со пијачка, да паметиме сѐ и да евоцираме спомени, да зборуваме за животот и нешто друго – изјави Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот