Фото: Screenshot

ВИДЕО | Ѓоковиќ ги загуби нервите, па сочно опцу пред камерите: Коментаторот не смееше да ги повтори зборовите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во осминафиналето на Мастерсот во Шангај, откако со пресврт славеше против Германецот Јаник Ханфман со 2:1 во сетови (4:6, 7:5, 6:3).

Ханфман, кој моментално се наоѓа на 159. позиција на АТП-листата, неочекувано го доби првиот сет, но искуството и квалитетот на Ѓоковиќ излегоа на површина во продолжението од мечот. Во овој момент четвртиот светски рекет ја презеде контролата и обезбеди место меѓу најдобрите 16, каде ќе се сретне со Канаѓанецот Габриел Дијало кој се наоѓа на 35. позиција на АТП листата.

Како и многупати досега, мечот не мина без нервоза од страна на Ѓоковиќ. По еден момент на фрустрација и пцовка, следеше и една интересна реакција на коментаторот во преносот.

„Ако случајно не слушнавте, дали сакате да ви повторам? Можеби вие и би сакале, но јас не смеам“, гласеше неговиот коментар за оваа ситуација.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот