фото: принтскрин/twitter.com/UniversTennis

ВИДЕО: Ѓоковиќ ги бодри кошаркарите на Црвена звезда, пречекан со овации во „Штарк арената“

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ присуствува на вечерашниот натпревар од кошаркарската Евролига помеѓу Црвена звезда и Асвел.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ по пристигнувањето во „Штарк арената“ во Белград беше пречекан со овации од навивачите.

Во салата пристигна во придружба на неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ и физиотерапевтот Миљан Амановиќ.

И претходните натпреварувачки сезони Ѓоковиќ ги бодреше кошаркарите на Црвена звезда во сите натпреварувања.

Вчера им даваше поддршка и на фудбалерите на Црвена звезда во второто коло од фудбалската Лига на шампионите против швајцарскиот Јанг Бојс (2:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот