фото: EPA/VALDA KALNINA

ВИДЕО | Германија нов четвртфиналист на Евробаскет, кобен финишот за Португалија

После Турција, и кошаркарската репрезентација на Германија обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Денеска во летонскиот град Рига германските репрезентативци со резултат 85:58 ја елиминираа селекцијата на Португалија.

Во првите три четвртини не се најавуваше таков убедлив пораз на Португалците чија игра целосно се распадна во последните 10 минути од натпреварот.

Португалија во првата четвртина добро почна со предност од пет коша разлика (7:2), но Германија беше тимот кој водеше по стартните 10 минути на дуелот со 17:12.

Се вратија избраниците на селекторот Нуно Гомеш во вториот период во кој не само што дојдоа до израмнување, туку и да ја вратат својата позитива од „плус пет“ (26:21). Германија стопи нешто од негативата, па на пауза Португалците имаа минимални 32:31.

Во третата четвртина двете селекции се менуваа во водство. Германците при резултат 44:43 направија низа од 8:0 и се одвоија на високи „плус девет“ (52:43), но со иста мера возвратија Португалците и на семафорот стоеше само 52:51 за тимот предводен од селекторот Алекс Мумбру.

И кога се очекуваше неизвесноста да продолжи и во последната четвртина, португалските репрезентативци целосно потфрлија, постигнаа само седум поени, а Германија дури 33, што беше клучно за крајниот исход.

Во победничките редови по 16 поени реализираа Шредер и Вагнер, додека на спротивната страна Кета постигна 18 поени и воедно запиша 11 скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот