ВИДЕО | Галагер човек на одлука во пресвртот на Челси против Кристал Палас

Фото: Chelsea Football Club

Tимот на Челси со три гола во второто полувреме од кои два беа на Конор Галагер, а еден на Енцо Фернандез успеа да дојде до пресврт и да слави против Кристал Палас со 1:3.

Очајно изгледаше Челси по првите 45 минути, а Кристал Палас имаше предност со голот на Лерма, меѓутоа во вториот дел како да истрча некоја друга екипа на теренот.

Човек на одлука беше екс-фудбалерот на Кристал Палас, Конор Галагер кој по само две минути игра во вториот дел донесе изедначување. За нови возбудувања се чекаше до самата завршница, беше Челси подобриот тим на теренот меѓутоа до водсто со вториот гол на Галагер стигна дури во 91. минута.

Гостите по тоа водство на Челси тргнаа во обид на се или ништо да дојдат до бод, а таквата ситуација ја искористи Енцо Фернандез кој по една контра ги постави конечните 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот