фото: facebook/ЖФК Љуботен - Тетово

ВИДЕО: Фудбалерките на Љуботен со гол од корнер до трофејот во Купот

Во финалето од фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција екипата на Љуботен со 1:0 славеше против Каменица Саса.

Фудбалерките на Љуботен ја одбранија куп титулата откако славеа во минатата сезона токму против Каменица Саса.

На градскиот стадион во Велес стрелец на единствениот гол беше Александра Марковска која во самиот финиш од средбата успеа да постигне гол во 93 минута директно од корнер.

За ЖФК Љуботен ова е втор трофеј во куп натпреварување, а ЖФК Каменица Саса останува на една титула освоена во 2022 година.

Целиот натпревар од куп финалето можете да го погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот