Foto: Promo

ВИДЕО | „Фрајле“: Ни треба половина час да се смириме по секој концерт 

Девојките од групата „Фрајле“ открија дека по секој нивен концерт чувствуваат голем адреналин и со гестикулации покажаа какви се по секој настап.

„Кога ќе се заврши концертот, ние сме вакви. Како оние жаби“, рекоа во вториот дел од разговорот во „Еден на Еден“ Јована, Јелена и Невена и покажаа дека им треба половина час да се смират од еуфоријата.
„Да не разберете погрешно, тоа се прекрасни нешта. Ние пред толку многу луѓе даваме сѐ од себе. Не постои задршка на сцената. Кога ќе излеземе на сцената, и ако ние од вас нешто криеме, тоа се чувствува. На концертите разменуваме љубов, таа емоција е толку силна“, рече Невена Буча во „Еден на Еден“, во 26-тата минута од емисијата.

„Фрајле“ на 13 март ќе одржат концерт во Битола, на 14 во Штип, на 15 и на 16 во Скопје, а на 17 во Струмица.

Вториот дел од разговорот со шармантното женско трио е достапен на јутјуб каналот на „Еден на Еден“ на овој линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот