Фото: Промо

ВИДЕО | „Фрајле“: „Јовано Јoванке“ како да е за нас напишана, секаде ја пееме 

Каде и да свират, групата „Фрајле“ од Нови Сад во репертоарот ја имаат песната „Јовано Јованке“ и велат дека е една од нивните омилени македонски песни.

-Каде и да одиме и ја свириме „Јовано Јованке“, во Словенија, Босна, Србија, Хрватска, Црна Гора, кога ќе ја слушнат оваа песна, сите ќе застанат, сосема се во шок. Сите онака слушаат, тоа е традиционална музика и мислам дека вие ја имате најубавата музика на Балканот. Најпотполна, највесела и за нас прифатлива затоа што сме тригласие. Луѓето реагираат како да е за нас напишана“, раскажа женското трио во емисијата на Жаре „Еден на Еден“, чиј прв дел од разговорот е емитуваше на Канал 5 сношти.

Во осмата минута од емисијата можете да слушнете како звучи оваа песна во изведба на „Фрајле“, а целата емисија е достапна на јутјуб каналот на „Еден на Еден“ на овој линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот