Собир на „Партизанска“ поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО + ФОТО | „Тој е убиец, не станува збор за несреќа“- протест за Фросина

Случајот на трагичната смрт на младата Фросина ја потресе Македонија. Трагедијата предизвика гневни и револтни реакции кај граѓаните коишто денес се собраа на протест. Бараа санкции за возачите кои ги прекршуваат сообраќајните правила.

 

Граѓаните носеа транспаренти со пораки за правда, а на местото на несреќата остава цвеќиња и свеќи во сеќавање на прерано починатата Фросина.

Протест поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Трогната и загрижена мајка која протестираше заедно со нејзиното дете, ни објасни дека на улицата во која живее се случила несреќата.

-Мислам, нема што да се каже, тој е убиец, не станува збор за несреќа, затоа што ти да возиш 130 км во урбана населба, на ваков булевар, особено тука, кај што јас живеам одзади Симпо, знаете тука колку деца има, колку луѓе? Да биде овој случај последен, затоа што еве го и моето дете за некоја година, ќе сака само да излезе на улица.- објаснува мајката за „Слободен печат“

Собир на „Партизанска“ поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Во текот на протестот, присутните побараа одговорност и за судската одлука која го ослободила возачот од притвор за претходни прекршоци. Тие повикаа на радикални промени во судството и полицијата, како и поголеми контроли на сообраќајот за да се спречат вакви трагедии.

Протест поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Фросина Кулакова, 22-годишна девојка од Скопје, го загуби животот на 29 јануари, кога беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.

Протест поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Возачот, 20-годишниот Васил Јованов, кој управувал со автомобилот под дејство на алкохол и без возачка дозвола, поминал на црвено светло и ја удрил Фросина, која набрзо починала на самото место.

Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!