фото: РК Еурофарм Пелистер

ВИДЕО | Филип Кузмановски се најде во Топ 10 голови од групната фаза на ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер беа во трка за едно од местата кои водат во плеј-офот од ЕХФ Лигата на шампионите, но не успеаја да ја остварат целта и на крајот завршија како седмопласирани во групата А.

Учинокот на актуелниот македонски првак во 14 одиграни кола беше три победи, две ремија и девет порази.

Најефикасен во редовите на битолската екипа во групната фаза беше Филип Кузмановски со 87 голови за моментно петто место на листата најдобри стрелци во ЛШ.

Еден од погодоците на нашиот репрезентативец се најде и меѓу најдобрите 10 од групната фаза во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Кузмановски постигна прекрасен погодок во натпреварот против Динамо Букурешт кој можете да го погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот