фото: ffm.mk

ВИДЕО | ФФМ со онлајн платформа за продажба на билети

Преку eticket.ffm.mk подгответе се за натпреварот во неколку чекори. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:

1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk;

2. Изберете натпревар;

3. Одберете седиште;

4. Извршете уплата;

5. Преземете го дигиталниот билет;

Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купување на билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.

Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик. Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот