Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

ВИДЕО: Фејт Кипјегон прво беше дисквалификувана, па ѝ го вратија сребрениот медал

На кениската атлетичарка Фејт Кипјегон, која на Олимписките игри во Париз ја мина целта на трката на 5000 метри на второто место зад сонародничката Беатрис Чебет, која ја престигна во последните 200 метри, ѝ беше вратен сребрениот медал, кој привремено беше одземен поради дисквалификација.

Имено, судиите видоа дека Кипјегон среде трка ја турка Гудаф Тсегај од Етиопија и ја дисквалификуваа светската шампионка.

Меѓутоа, во контроверзната ситуација беше евидентно дека Тсегај е таа што ја нагази кениската атлетичарка.

Затоа, официјалните лица на Светската атлетика ја донесоа единствената логична одлука и ја вратија Кипјегон на второто место.

Така бронзениот медал ѝ припадна на Холанѓанката Сифан Хасан, а на чекор до победничкиот подиум остана Италијанката Надија Батоклети која накратко се радуваше на освоен медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот