Фото: RK Eurofarm Pelister

ВИДЕО | Eурофарм Пелистер загуби од Металопластика, но ќе игра во финалето на турнирот во Охрид

Ракометарите на Металопластика приредија мало изненадување со минимална победа против македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер со 26:27.

Еурофарм Пелистер веќе го обезбеди пласманот во финалето каде што ќе игра против Олимпијакос, па така овој натпревар немаше резултатско значење.

Српскиот тим го отвори натпреварот со водство од 4:0, но македонскиот шампион возврати со серија од пет гола. Но, подоцна избраниците на Матиќ го вратија водството и на пауза заминаа со 12:16.

Играа пелистерци поангажирано во второто полувреме, па на десетина минути пред крајот се влезе во егал ситуација со 21:21. Во завршницата тимот од Шабац беше посконцентриран, па забележа минимален триумф.

Кузмановски со седум и Танкоски со пет гола беа најефикасни во македонскиот табор. Натпреварот за титулата се игра утре во терминот од 20:15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот