Протест во Кочани / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО: Ескалираше протестот во Кочани, демолирано кафулето чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“

Протестот во Кочани попладнево почна мирно, но состојбата ескалираше кога дел од граѓаните пред општинската зграда почнаа да фрлаат со јајца и бараа да излезе градоначалникот.

Граѓаните извикуваа „убијци“, „секој еден може да е следен“.. дел од присутните удираа по вратите и прозорците на општината и го бараа градоначалникот Љупчп Папаозов, кој претходно поднесе оставка, да излезе надвор.

Протест во Кочани / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Демонстрантите се упатија кон кафулето на истиот газда кој ја водеше и дискотеката „Пулс“, во која во пожар загинаа 59 лица и го демолираа целиот простор. Граѓаните беа бесни и со камења маваа кон кафулето, со што го искршија стаклото, а потоа влегоа внатре и ги превртеа масите и столиците.

Протест во Кочани / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Папазов, на Фејсбук соопшти дека поднел неотповиклива оставка и побара од надлежните институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани додавајќи дека целосно им стои на располагање на институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот