Фото: EPA/PAUL BUCK

ВИДЕО | Ештон Качер снимен како се обидува да спречи пожар на куќа во Лос Анџелес

Познатиот холивудски актер Ештон Качер (46)  е снимен пред домот на продуцентот и сценарист Чак Лоре и неговата сопруга Ариел во Лос Анџелес, како ја наводнува надворешноста на куќата за да спречи ширење на пожарот во поранешната резиденција на Рис Витерспун во Пацифик Палисадес.

Пожарите изгореа илјадници хектари земја, уништија бројни домови и предизвикаа трагични загуби на животи, оставајќи ги сите во шок од она што се случува. Уништени се повеќе од 1.000 објекти и принудно се евакуирани над 80.000 луѓе

Да потсетиме, актерката Менди Мур го загуби домот во Пацифик Палисадес, семејната куќа на бизнисменката Парис Хилтон беше целосно уништена, домот на актерот Ентони Хопкинс исто така изгоре, актерката Џејми Ли Керти остана без својот дом, и многу други познати личности останаа ез своите домови откако шумски пожар ја зафати целата област во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот