Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

ВИДЕО | Епски спектакл во Париз: Алкараз со чудесен пресврт го победи Синер во најдолгото финале на Ролан Гарос!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз триумфираше во финалето на Ролан Гарос по спектакуларна петчасовна битка со Италијанецот Јаник Синер, славејќи со 3:2 во сетови (4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6). Финалето на парискиот грен слем донесе тенис од највисок калибар и борба до последен здив.

Првиот сет започна со долги и исцрпувачки гемови. Синер уште во воведниот гем спаси три брејк топки, а и двајцата тенисери демонстрираа извонредна физичка и ментална подготвеност. Алкараз прв стигна до предност со искористена седма брејк-топка за 3:2, но Италијанецот брзо врати и израмни. Со силен финиш, Синер ја искористи првата сет-топка и поведе со 6:4.

Вториот сет беше уште понеизвесен. Синер направи брз брејк и водеше со 5:2, но тука започна враќањето на Алкараз. Шпанецот успеа да се врати во сетот и да изнуди тај-брејк, каде Синер повторно беше посмирен и го доби со 7:4.

Третиот сет започна во знакот на Синер кој веднаш направи брејк, но Алкараз веднаш возврати. Со нов брејк во четвртиот гем и водство од 3:1, шпанскиот ас првпат ја имаше контролата над играта. Иако Синер успеа да врати брејк при 5:3, Алкараз повторно притисна и го освои сетот со 6:4.

Најголемата драма се случи во четвртиот сет. Синер поведе со 5:4 и имаше три меч-топки, но Алкараз одби да се предаде. Со извонредни поени го спаси мечот, изедначи на 5:5, а потоа сетот заврши во тај-брејк. Таму, по почетно водство на Синер од 2:0, Алкараз се врати и го израмни резултатот на 2:2 во сетови.

Петтиот сет понуди врвен тенис. Алкараз веднаш направи брејк и ја одржуваше предноста до 5:4, кога Синер успеа да се врати и да избори уште еден тај-брејк. Но таму, младиот Шпанец го прикажа најдоброто во денешнот меч и со доминантни 10:2 го комплетираше спектакуларниот пресврт.

Алкараз со оваа титула стана првиот тенисер од Шпанија по Рафаел Надал што го освојува Ролан Гарос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот