фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

ВИДЕО | Елмас доби минутажа во триумфот на Лајпциг против Мајнц

Во рамките од седмото коло во најсилното германско првенство фудбалерите на Лајпциг на гости со 2:0 славеа против Мајнц.

Двата голови беа реализирани во текот на првото полувреме, стрелци беа Симонс во 20 и Орбан во 37 минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи за гостинскиот тим од 74 минута како замена за Вермерен.

На табелата Лајпциг после петтата победа сезонава во Бундес лигата е на првото место со 17 бодови. Во следното осмо коло Лајпциг пред своите навивачи ќе игра против Фрајбург на 26 октомври.

Се одиграа уште четири натпревари: Борусија Менхенгладбах – Хејденхајм 3:2, Баер Леверкузен – Ајнтрахт Франкфурт 2:1, Фрајбург – Аугсбург 3:1 и Хофенхајм – Бохум 3:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот