Поплави во Барселона/Фото: Lorena SopêNa / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Едно лице загина во поплавите во Каталонија

Поројните дождови што ја погодија Каталонија во североисточна Шпанија во неделата предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, каде што најмалку едно лице загина, пренесоа локалните власти.

Пожарникарите пронајдоа тело во река во Сант Пере де Руидебитес, во близина на Барселона, додека трагаа по две исчезнати лица чиј автомобил наводно бил однесен од порој. Сè уште не е јасно дали станува збор за едно од двете исчезнати лица по кои трагаа спасувачите.

Регионалната агенција за цивилна заштита објави дека пожарникарите морале да интервенираат за да спасат 27 лица кои биле заробени во жичарницата на манастирот Монсерат, северозападно од Барселона, поради свлечиште.

Десетици летови до и од аеродромот во Барселона, втор по големина во Шпанија, беа или одложени или откажани поради обилните дождови.

Железничкиот сообраќај во Каталонија беше исто така нарушен поради лизгање на земјиштето и паднати дрвја на железничките линии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот