Единствениот брод од флотилата во Газа што избега од израелската армија се приближува кон палестинската енклава/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Единствениот брод од флотилата во Газа што избега од израелската армија се приближува кон палестинската енклава

Последниот брод од меѓународната флотила што носеше хуманитарна помош за Појасот Газа го продолжи своето патување кон палестинската енклава утрово, според организаторите, и покрај пресретнувањето на околу 40 други бродови од страна на израелската армија во четвртокот.

„Маринет продолжува да плови“, истакнаа организаторите на Глобалната флотила Сумуд синоќа на социјалните мрежи, додавајќи дека очекуваат наскоро да биде пресретнат. „Знаеме што нè чека“, нагласија тие.

Според геолокацијата објавена на веб-страницата на организаторите,  рано утрово, тој е многу блиску до палестинската енклава.

„Доколку се приближи, нејзиниот обид да влезе во зона на активни борби и да ја пробие блокадата ќе биде спречен“, одговори израелското Министерство за надворешни работи.

Повеќе од 400 активисти на 41 брод од Глобалната флотила Сумуд беа уапсени од израелската војска за време на операција што траеше околу 12 часа, изјави синоќа израелски функционер.

„Тие беа безбедно транспортирани до пристаништето Ашдод и приведени од израелската полиција“, додаде функционерот, зборувајќи под услов да остане анонимен.

Израел вчера наутро објави дека сите на флотилата се „безбедни и здрави“ и ќе бидат депортирани во Европа.

„Им честитам на членовите и командантите на морнарицата кои ја исполнија својата мисија за време на Јом Кипур на најпрофесионален и најефикасен начин“, коментираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

ВО ЖИВО: „Ројтерс“ ја следи флотилата со хуманитарна помош за Палестинците – бродовите се доближуваат до Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот