Фото: Профимедиа

ВИДЕО | Еден домашен лек за настинка може да биде опасен: Лекар ги предупредува родителите, прави повеќе штета отколку корист

Почетокот на есента е период кога децата се враќаат во градинки и училишта, времето се менува, а тоа значи и повеќе вируси што незапирливо се шират.

Настинките и грипот се особено распространети, а многу деца се враќаат дома од училиште со затнат нос. Секако, никој не сака да го гледа своето дете болно, а многу родители се обидуваат да ги ублажат нивните симптоми со некои домашни лекови.

Некои претходни генерации го „лекувале“ затнатиот нос со парење над врела вода, така што водата се загрева во сад, детето ја става главата над садот, а преку главата обично се префрлува крпа за да се задржи пареата.

Некои тоа го прават и денес, но еден доктор ги предупредува родителите дека тоа не е баш паметно, бидејќи „инхалирањето со врела пареа не е безбедно и не се препорачува“.

 

Д-р Ворвик Тиг, директор на Кралската детска болница во Мелбурн, ги предупреди родителите да не користат сад со врела вода за да се обидат да го ослободат секретот и да ги смират носните канали, велејќи дека тоа претставува ризик од изгореници.

„Користењето на инхалации со врела пареа за отпушување на носот може да му нанесе многу повеќе штета отколку корист на вашето дете. Децата можат да се изгорат и од врелата вода во садот и од самата пареа, па затоа е најдобро да не го практикувате овој опасен домашен лек“, вели д-р Тиг.

Тој понатаму открил дека виделе „премногу вакви повреди“ и дека изгореници од вдишување пареа се случуваат на „навистина тешки места“ како што се лицето и слабините.

Наместо инхалација со врела пареа, лекарот препорачува лекување на настинката и грипот со побезбедни методи како што се соодветни лекови, многу течности и одмор, како и топла купка или туширање.

На крајот, д-р Тиг порачал дека „ако сте загрижени, однесете го вашето дете на лекар“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот