Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Џепчии нападнале туристи со камења на белградската тврдина Калемегдан, следеле и закани со нож

Џепчии во петокот нападнале група туристи на белградската тврдина Калемегдан, а насилниците одамна им биле познати и на полицијата и на туристичките водичи, објави „Мондо“.

Напаѓачите фрлале камења кон туристите, а еден од нив му се заканувал со нож на еден туристички водич.

На снимка, што ја објавил еден од водичите, се гледа моментот кога еден од мажите од групата џепчии фрла камен во правец на камерата.

Авторот на снимката тврди дека станува збор за лица кои и претходно правеле проблеми на посетителите на оваа белградска знаменитост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavle Pavlovic (@serbiatouristguide)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот