
ВИДЕО | Џенифер Анистон целосно гола: Актерката во жешка сцена со колегата Џон Хам
Актерката Џенифер Анистон (54) со години воодушевува поради нејзината витка и добро извежбана фигура, а сега реши целосно да се соблече за сцена во серијата „The Morning Show“.
Препорачано
Имено, 54-годишната актерка сними жешки кадри со нејзиниот 52-годишен колега Џон Хам во драмата на „Епл Тв“.
Во сцената, Џенифер ја игра ТВ водителката Алекс, која го интервјуира милијардерот Пол Маркс (Џон Хам) во неговата палата во Хемптон. По интервјуто, во сцената дуото завршува под чаршафите. Во еден момент Џенифер е снимена на кревет во спална соба, додека лежи гола врз колегата Џон Хам.
so you wake up with jennifer aniston naked on top of you so what pic.twitter.com/SZJSJMOZSk
— anna (@ilyjenanist) October 11, 2023
Откако сцената се рашири на социјалните мрежи, корисниците на „Икс“ (Твитер) започнаа да пишуваат лавина позитивни коментари за нејзиниот одличен изглед и витка фигура.
„Џенифер изгледа добро како во 2006 година, кога за прв пат се соблече во филмот ‘The Break Up’“; „Колку е жешка оваа жена“; „Една од најубавите актерки на сите времиња“; „Изгледа феноменално“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Серијата „The Morning Show“ всушност е приказна за утринската програма на NBC „The Today Show“, чиј водител Мет Лауер се нашол во скандал за сексуално злоставување на вработени во телевизијата. Серијата се осврнува и на скандалот со продуцентот Харви Вајнштајн, кој ги промовираше младите актерки во холивудски ѕвезди од А-листата правејќи кастинг тестови во хотелските соби.