Џенета Бектовиќ / Фото: МИА
Џенета Бектовиќ / Фото: МИА

ВИДЕО | Џенета Бектовиќ, нов член на Судскиот совет: Ќе се залагам за напредување врз основа на квалитет

Џенета Бектовиќ, која како нова членка на Судскиот совет денеска во Собранието даде свечена изјава.

Бектовиќ смета дека Судскиот совет е консолидиран и дека веќе ги имплементира препораките на оценската мисија и дава позитивни резултати во таа насока.

Во изјавата која ја пренесува МИА, Бектовиќ вели:

– Како член на Судскиот совет, особено ќе се залагам при изборот на унапредување на судии во повисоките истанци да се применува исклучиво принципот на меритократија, односно напредување врз основа на квалитет и ќе ги поддржувам професионалните, стручните, совесните и чесните судии и судиите со интегритет.

Таков е најголемиот број на судии во државата. А за несовесните и корумпирани судии коишто се во многу мал број доколку истото се утврди во постапка утврдена со закон за таквите судии нема место во судството.

Сметам дека со моето повеќегодишно судиско искуство и со активното учество ќе придонесам во работата на Судскиот совет и ќе се заложам да се врати довербата на граѓаните во судскиот систем и во правната држава и на тој начин ќе ја оправдам искажаната доверба за оваа почесна функција, рече по свечената ијава Бектовиќ.

Судијката смета дека функцијата член на Судскиот совет на РСМ е одговорна функција особено во овој период кога, како што вели, Судскиот совет е под мониторинг на меѓународната и експертската јавност и кога од Советот се очекуваат имплементација на препораките на ЕУ кои во најголем број се однесуваат на работата на Судскиот совет.

Денеска на свечената изјава во Собранието судијката Бектовиќ беше придружувана од претседателката на Советот Весна Дамева.

Судијката од Кривичен, Џенета Бектовиќ неодамна беше единствена кандидатка за член на Судскиот совет, на столчето на Сашко Георгиев, чиј мандат како член на Совет заврши неодамна (септември 2024). Ова место во Судски е резервирано за судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20% од населението.

Бектовиќ во моментот го води судењето за спортските ваучери, а во минатото од високопрофилните предмети беше судијка во „Таргет Тврдина“ и во „Трезор“ пред Апелација да ги укине и врати на повторно судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот