Нотингем Форест го совлада Хадерсфилд во доигрувањето на Чемпионшип/Фото: instagram.com/officialnffc/

ВИДЕО: Двократниот европски шампион по 23 години се враќа во Премиер лигата!

Екипата на Нотингем Форест се враќа во елитата на Англија после повеќе од две децении. Денеска на стадионот „Вембли“ во Лондон ја оствари целта, по победата од 1:0 над Хадерсфилд во доигрувањето на Чемпионшиоп.

Единствениот погодок се случи во 43 минута кога автогол си постигна несреќниот Леви Колвил кој после еден центаршут не реагираше најдобро во казнетиот простор и ја смести топката во сопствената мрежа.

Составот предводен од менаџерот Стив Купер беше подобар противник во текот на целиот меч, Хадерсфилд не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол полни 85 минути.

Последен пат Нотингем Форест играше во Премиер лигата во натпреварувачката сезона 1998/1999.

Оние постарите љубители на фудбалот сигурно ги паметат сите успеси на „шумарите“ од 20 век и двете титули европски шампион освоени во најуспешниот период. Првата дојде во сезоната 1978/79, а втората само една година подоцна. Во текот на 1979 година го освоија и Суперкупот на Европа, додека една година подоцна беа поразени во меч за истиот трофеј.

Се комплетираше листата на учесници за следната сезона (2022/2023) во Премиер лигата: Арсенал, Астон Вила, Борнмут, Брентфорд, Брајтон, Челси, Кристал Палас, Евертон, Фулам, Лидс, Лестер сити, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Њукасл, Нотингем Форест, Саутемптон, Тотенхем, Вест Хем и Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот