ВИДЕО: Двојно убиство во тетовското село Челопек, уапсено едно лице

Двојно убиство во Челопек/Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Тетовската полиција попладнево го лиши од слобода лицето кое усмрти две лица во селото Челопек, а трето лице е повредено.

-Денеска (27 декември) полициски службеници од СВР Тетово во тетовското село Челопек го лишија од слобода И.И. ( на возраст околу 60 години) од ова село постапувајќи по пријава дека околу 14 часот и 10 минути во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничениот, исто така, се здобил со повреди, најверојатно од огнено оружје, соопшти полицијата.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Новинарските екипи веќе се пред болницата во Тетово во очекување на нови информации за состојбата на повредениите, како и за состојбата на лицето кое смртно застрела двајца роднини, како и во селото Челопек кое е под полициска опсада по двојното убиство кое се случи денеска околу 14 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот