Фото: Sarajevo FC/X

ВИДЕО: Два гола на Елези и „бомба“ на Ристовски во ремито на Сараево

Македонските фудбалери Агон Елези и Стефан Ристовски имаа блескаво издание во дресот на Сараево, но и покрај нивниот придонес, босанскиот клуб не успеа да стигне до посакуваните три бода, ремизирајќи 4-4 на гостувањето кај Радник Бијељина.

Елези го отвори резултатот во 16. минута, а со уште еден погодок веднаш по паузата го удвои водството на Сараево. Ристовски дополнително ја зголеми предноста на 3-0, најавувајќи сигурна победа.

Сепак, следуваше шок за тимот од главниот град. Радник се разбуди и за само 28 минути направи неверојатен пресврт со четири погодоци, прецизни беа Чумиќ, Гогиќ, Табаковиќ и Горзи. Сараево избегна пораз дури во финишот, кога Млинариќ погоди за конечни 4-4.

Возбудлив дуел полн со пресврти, во кој македонските интернационалци оставија силен впечаток, но Сараево мора да се задоволи само со бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот