Дуа Липа на доделувањето на Брит награди / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

ВИДЕО | Дуа Липа направи спектакл во Пула: Пејачката ја поздрави публиката на хрватски јазик

Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа синоќа настапи во Пула арена, Хрватска каде со своите најголеми хитови ја „фрли публиката во транс“, пишуваат хрватските медиуми.

За време на настапот, Липа имаше неколку различни модни комбинации – почнувајќи од проѕирно мрежесто боди, под кое се гледаше долната облека, па сè до кожна комбинација од кратка блуза – топ и кратки шорцеви.

Таа ја поздрави публиката на хрватски велејќи „Добровечер, Пула“, а за време на настапот извика „Ајде луѓе“, што особено им беше интересно на луѓето на социјалните мрежи од Балканот.

Инаку, мајката на Дуа Липа, Анеса, по потекло е од Босна и Херцеговина, па не е чудно што пејачката го ја поздрави хрватската публика на нивниот јазик.

Таа изведе некои од нејзините најголеми хитови како „Be The One“, „New Rules“, „Houdini“, „Illusion“ итн. Пред самиот концерт пред Арената била забележана голема гужва, а луѓето чекале во редици за да влезат. Пејачката доцнела околу 45 минути, но тоа не им пречело на нејзините обожаватели кои ја пречекале со голем ентузијазам.

Концертот е дел од нејзината турнеја, каде за првпат во живо ги изведува песните од третиот студиски албум „Радикален оптимизам“.

Израелска хит песна која има 18 милиони прегледи повикува на смрт на Дуа Липа и Бела Хадид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот