Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Дрон од Јемен погоди хотел во израелскиот град Еилат, најмалку 20 повредени

Најмалку 20 лица се повредени во среда откако дрон лансиран од Јемен погодил хотел израелскиот туристички град Еилат на Црвеното Море, на границата со Јордан и Египет, соопшти израелската национална служба за брза помош Маген Давид Адом, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека две лица се тешко повредени, додека други се здобиле со средни до лесни повреди.

Израелската војска соопшти дека дрон лансиран од Јемен паднал во Еилат, додавајќи само дека биле направени обиди за пресретнување.

Весникот „Израел Хајом“ објави, повикувајќи се на првична истрага, дека системите за воздушна одбрана не успеале да го пресретнат дронот.

Нападот со беспилотни летала во среда доаѓа неколку дена, отвора нов таботкако Хутите, поддржани од Иран, испалија дрон што се урна во хотелската зона во Еилат, што резултираше со материјална штета, но без жртви.

Хутите лансираат ракети и дронови илјадници километри северно кон Израел, во она што групата го нарекува акти на солидарност со Палестинците. Повеќето од десетиците лансирани ракети и дронови се пресретнати или не стигнале до израелска територија.

Израел возврати со бомбардирање на областите во Јемен контролирани од Хутите, вклучувајќи го и виталното пристаниште Ходеида.

Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен, напаѓаат и бродови во Црвеното Море од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот