Фото: Profimedia

ВИДЕО | Дрејк има интересен текст во новата песна: Каде одам јас, одиш и ти брат, ние Југословените

Дрејк го претстави новиот сингл „8AM in Charlotte“ со кој го најавува новиот албум „For All the Dogs“ кој содржи интересен текст во кој меѓу другото вели „Каде одам јас, одиш и ти брат, ние Југословените“.

Во видеото глуми синот на Дрејк, Адонис Греам, кој ја објаснува илустрацијата што штотуку ја нацртал. Негова е исто така и насловната страница на албумот, што ја нацртал за неговиот татко. Дрејк работел на песната со продуцентот и диригент на „Griselda Records“, Вилијамс.

Во дел од песната, раперот открива дека неговиот колега 21 Севиџ добил зелена карта по долгогодишна битка за имиграција.

„Севиџ доби зелена карта директно од конзулатот/Каде одам јас, одиш и ти, брат, ние Југословените“ (Savage got a green card straight out of the consulate/Where I go, you go, brother, we Yugoslavian), стои во текстот на песната.

Во 2019 година, 21 Севиџ беше уапсен и одведен во притвор од страна на американската служба за имиграција и царина (ICE). Брзо беше откриено дека раперот, кој пораснал во Атланта, Џорџија, е роден во Лондон, Англија и живеел во САД со истечена виза. Со години, неговите патувања беа ограничени поради неговото државјанство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот