Оштетен Ербас од удар на птица/Фото: Икс

ВИДЕО | Драма во Мадрид: Авион се судри со птица кратко по полетувањето, оштетен „носот“ и моторот

Авион „Ербас А321XLR“ од „Иберија“ беше принуден да изврши итно слетување во неделата откако се судри со птица кратко по полетувањето од аеродромот во Мадрид.

Како што може да се види на видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи, авионот, кој се упатил кон аеродромот „Орли“ во Париз, претрпел значителни оштетувања на „носот“ и еден од моторите.

Според извештаите, авионот што претрпел значителна штета бил еден од најновите во флотата на Иберија.

Според истите информации, судирот се случил за време на почетната фаза на полетувањето, при што птицата првично го погодила предниот дел од авионот пред да биде „проголтана“ од левиот мотор.

Следејќи ги безбедносните прописи, пилотите ја известија контролната кула за вонредна состојба, го откажаа продолжувањето на патувањето и ги започнаа процедурите за враќање на аеродромот во Мадрид.

Слетувањето беше завршено без проблеми приближно 20 минути по инцидентот.

Ударите од птици се релативно честа појава во воздухопловството. Авионите и нивните мотори се дизајнирани и сертифицирани да издржат такви судири до одреден степен. Најголемиот ризик се јавува за време на полетувањето и слетувањето, кога надморската височина е мала, а концентрацијата на птици е поголема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот