
ВИДЕО | Драма во авион над Шкотска: Србин совлада напаѓач кој се заканувал со бомба
Преполн авион бил принуден на слета на аеродромот во Глазгов вчера рано наутро откако патник се заканувал дека има бомба. Драматичниот инцидент го решил храбар Србин кој бил во авионот на „Изиџет“ кој летал од Лутон до Глазгов и го совладал мажот кој им се заканувал на патниците.
Препорачано
На видеото може да се слушне како напаѓачот вели: „Сакав да му испратам порака на Трамп… тој е во Шкотска“.
Инаку викендот, американскиот претседател ја посети Шкотска и тамошните голф терени.
Според очевидци драмата во авионот се случила околу 8 часот наутро, помалку од еден час по полетувањето од Лутон, кога еден човек излегол од тоалетот на задниот дел од авионот и почнал да предизвикува врева.
„Излезе од тоалетот викајќи: „Алаху Акбар“ со рацете кренати над главата. Потоа рече: „Имам бомба, имам бомба“ – во тој момент луѓето беа збунети. Мислев дека се шегува, мислам, тоа е чудна шега“, рече патникот.
Тој рече дека полудениот маж ги турнал вработените во авиокомпанијата и се однесувал агресивно кон нив.
View this post on Instagram
„Кога ги турнал, сè се промени. Во тој момент, еден човек успеал да го зграби одзади и да го собори на подот, а потоа сите скокнале врз него. Се борел малку на подот, а потоа сфатил дека е совладан“, рекол патникот.
Човекот што го врзал напаѓачот е всушност Србин, како што јасно може да се слушне на видеото, додека пцуел откако го совладал напаѓачот.
На снимката се гледаат стјуардеси во високи потпетици како газат преку седиштето додека оделе да му ја проверат торбата и „сфатиле дека нема бомба“, рекол очевидецот.
„Пилотот објавил дека ќе направи итно слетување и многу брзо го спуштил авионот. На сите што не го држеле им било кажано да седнат. Стјуардесите, сите девојки, беа навистина потресени од тоа, но се однесуваа исклучително професионално“, рекол патникот кој го снимил целиот инцидент.
„Некои патници плачеа затоа што беа потресени. Беше малку надреално“, додал тој, забележувајќи дека патниците успеале да му го извадат паричникот од џебот и дека изгледал како индиски државјанин, и дека му била пронајдена бегалска карта.
„Летот EZY609 од Лутон до Глазгов беше пречекан од полиција по пристигнувањето во недела наутро, која се качи во авионот и отстрани еден патник поради неговото однесување за време на летот. Персоналот на Изиџет е обучен да ги процени сите ситуации и брзо и соодветно да реагира за да ја обезбеди безбедноста на летот и другите патници во секое време“, соопшти авиокомпанијата.