Фото: Принтскрин / Маркукуле.мк

ВИДЕО | Драма пред прилепската болница: Групна тепачка, 13 уапсени, полицијата морала да пука во воздух

Полиција со автоматски пушки и заштитни елеци попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“, пренесува Маркукуле.мк.

На социјалните мрежи се појави видео на профилот на Телевизија стар на кое може да се забележи како вооружени полицајци со автоматски се распределуваат во кругот на полицијата, а се слушнале и пукотници.

Од МВР го потврдија инцидентот и велат дека настанала тепачка помеѓу повеќе лица кои употребиле дрвени и други тврди предмети.

„Околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол“, велат од полицијата во Прилеп.

Во Полициска станица Прилеп се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот