ВИДЕО | Дончиќ: Не уживам во кошарката како претходно, имам проблеми во приватниот живот

Фото: Dallas Mavericks/Тwitter

Лука Дончиќ по новиот трет пораз на Далас од 117:109 против Шарлот не го криеше своето разочарување, иако тој игра добро и постигнвуа поени, сепак неговиот тим реди порази.

Во вчерашниот четврти пораз на Далас во последните пет натпревари постигна 34 поени, имаше 10 скока и осум асистенции, но можеше да се забележи дека не е „свој“, ги немаше насмевката и неговите препознатливи шеги.

На прес-конференцијата по натпреварот зборуваше непрепознатливо и тажно.

„Многу сум фрустриран. Мислам дека тоа на сите им е јасно кога ме гледаат на теренот. Во последно време се чувствувам како да не сум јас. Претходно уживав и се смеев, но сега сум фрустриран поради повеќе причини, не само кошаркарски. Многу работи ми се случуваат надвор од теренот и тие се поголеми од кошарката, но не сакам да зборувам за приватниот живот“, изјави Дончиќ.

Новинарите го запрашаа што треба да поправи за Далас да игра подобро и да почне да победува.

„Мораме жестоко да се бориме и тоа е се. Мораме да покажеме дека ни е важно. Прв, морам јас тоа да го направам“, изјави словенечкиот кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот