ВИДЕО | Дончиќ блесна со 41 поен, Вориорси прокоцкаа 24 поени предност

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ зад себе има уште една фантастична вечер во која постигна 41 поен во победата на Далас против Хјустон од 121:115. За издвојување е и поразот на Вориорси откако имаа водство од 24 поени разлика во дуелот со Сакраменто (124:123).

Далас предводен од Дончиќ на кого пред само три дена му беше дијагностицирана скршеница на прстот дојде до нова победа. Дончиќ покрај постигнатите 41 поен со девет скокови и девет асистенции дојде на чекор од својот 59. трипл-дабл во кариерата. На спротивната страна трускиот кошаркар Сенгун беше најрасположен со 31 поен.

Голден Стејт против Сакраменто во еден момент од втората четвртина водеше и со 72:48, а тогаш изгледаше дека Вориорси ќе слават, но не беше така. Домаќините заиграа многу подобро во продолжение, додека ритамот на Кари и друштвото почна да оди во надолна линија, па дозволија голем пресврт.

Кари и Вигинс за Голден Стејт постигнаа по 29 поени, а со исто толку поени го заврши натпреварот и Фокс од редовите на Сакраменто.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Чикаго 124-97

Бруклин – Торонто 115-103

Кливленд – Атланта 128-105

Мајами – Милвоки 124-131

Њујорк – Шарлот 115-91

Минесота – Оклахома 106-103

Далас – Хјустон 121-115

Сакраменто – Голден Стејт 124-123

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот