Фото: EPA-EFE / JIM LO SCALZO / Printskrin / Instagram

ВИДЕО | Доналд Трамп ја изненади јавноста со коментарот за веридбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси: „Им посакувам…“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја изненади јавноста откако даде убав коментар по веста дека пејачката Тејлор Свифт и НФЛ ѕвездата Тревис Келси се вериле. Откако двојката официјално ја сподели радосната вест на 26 август, новинарите го прашаа Трамп што мисли на оваа тема за време на седница на кабинетот што се пренесуваше во живо.

„Им посакувам многу среќа. Тој е одличен играч и одличен човек, а таа е прекрасна личност. Навистина им посакувам сè најдобро“ изјави седумдесет и деветгодишниот Трамп, пренесува „Пипл“.

Овој одговор предизвика големо внимание затоа што претседателот во минатото често знаеше јавно да ја критикува пејачката. На неговите социјални мрежи неколкупати објавуваше написи против Свифт, особено откако таа ги поддржуваше демократските кандидати на изборите.

Минатата година, по нејзината поддршка за Камала Харис во трката за Белата куќа, Трамп напиша: „Ја мразам Тејлор Свифт“. Подоцна дури тврдеше дека по неговите изјави пејачката веќе не е била толку актуелна во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот