Дојава за бомба во училиштата во Србија / Фото: скриншот

ВИДЕО | Дојави за бомби во училишта низ цела Србија, родителите во паника

На подрачјата на сите полициски управи на територијата на Република Србија, до 9:30 часот, било пријавено дека се поставени бомби во вкупно 807 основни и средни училишта, пренесува РТС. Полициски екипи се на терен и се вршат проверки, а учениците се евакуирани.

Двете најголеми основни училишта во Нови Пазар, „Братство“ и „Рифат Бурџовиќ Тршо“, утрово добија дојава за бомба. Училиштата во Пријепоље и Врање, исто така, добија слични пораки на е-поштата.

Директорот на основното училиште „Братство“, Дејан Колунџиќ, вели дека ја виделе е-поштата откако вработените пристигнале на работа и дека родителите и учениците веднаш биле информирани дека наставата нема да се одржува додека Министерството за внатрешни работи не спроведе истрага, објавува РТС.

Истата постапка е следена и во основното училиште „Рифат Бурџовиќ Тршо“.

Основното училиште „Братство“ е најголемото училиште во Нови Пазар со повеќе од 2.000 ученици, додека основното училиште „Рифат Бурџовиќ Тршо“ има нешто повеќе од 1.500 ученици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Дојавите за бомбата стигнаа и до неколку училишта во Пријепоље, поради што децата беа евакуирани, а полицијата врши контроли, изјавија за Танјуг од Полициската управа во Пријепоље. Дојава за бомба имаше и во неколку училишта во урбаните и руралните средини на градот Чачак. Надлежни екипи пристигнаа на терен за да ги проверат наводите, а учениците и вработените ги напуштија просториите.

„Ни рекоа да дојдеме да го земеме детето. Претпоставуваме дека станува збор за лажни дојави, како и претходно, но повторно никогаш не е исто и секогаш има доза на страв – изјави еден од родителите за РИНА.

Дојави за бомби утрово беа примени на адресите на основните училишта во Пријевор, Прељина, Слатина, Мрчаевци, основните училишта Милица Павловиќ и Филип Филиповиќ, како и на адресата на Специјалното основно училиште 1 Ноември.

Станува збор за основни и средни училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот