ВИДЕО | Доделени Оскарите за парфеми во 2024 година: Можеби вашиот омилен е меѓу нив

Фото: Приинтскрин/ Јутјуб/ The Fragrance Foundation

Наградите на Фондацијата за парфеми (TFF) 2024 конечно се одржаа и оваа година, како и секоја досега, возбудата беше огромна додека се чекаа имињата на победниците.

Доделувањето на наградите, со рекордна посетеност се одржа во театарот „Дејвид Х. Кох“ (David H. Koch) во Линколн центарот. Целата заедница на The ​​Fragrance Foundation (TFF) ги прослави 19-те победници и воведе две посебни почести за време на овој епски годишен настан. Покрај победниците, беше прославена и 75-годишнината од The ​​Fragrance Foundation.

Извршниот директор на „Givaudan“, Жил Андрие, ја доби наградата „Куќата на славните“, додека наградата „Животно дело“ му припадна на парфимерот Жак Кавалие-Белетру, кој ги создава најубавите мешавини на парфеми за брендови како „Булгари“ (Bvlgari) и „Луј Витон“ (Louis Vuitton). Наградите за парфем на годината во различни категории ги добија, меѓу другите, „Валентино“, „Барбери“ и „Каролина Херера“.

Добитниците на Оскарите за парфеми ги избираат експерти, но и потрошувачи! Повеќе од 1.000 гости од глобалната индустрија за парфеми им се придружија на познати личности, уметници, дизајнери и инфлуенсери за да ги прослават истакнатите парфеми на годината. Тоа беше неверојатна година на индивидуални достигнувања и бројни иновации.

Целата листа на наградени парфеми можете да ја погледнете тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот