Сара Јо
Сара Јо во видеозаписот за „Дивља“ / Фото: Инстаграм, Сара Јо

ВИДЕО | Диво и провокативно: Новиот спот на Сара Јо ги „запали“ мрежите

Пејачката Сара Јо важи за една од најкреативните девојки на српската музичка сцена, која секогаш посветува многу внимание на сите свои проекти.

Поп-ѕвездата денеска го објави долгонајавуваниот видеозапис за песната „Дивља“ и ги изненади обожавателите со своето провокативно издание.

Тоа што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи е дека во нејзиниот нов видеозапис има низа бизарни сцени, како што е онаа во која пејачката танцува во нешто налик нечија крв.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)


Текстот на песната е прилично провокативен, така што сцените во кои Сара Јо виси на ланци и е облечена во латекс само ја надополнуваат целата приказна.

Како и да е, едно е сигурно – Сара Јо поставува нови стандарди, барем кога станува збор за музичките видеозаписи на регионалните ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот