Фото: Принтскрин / Тикток

ВИДЕО | Девојка откри дека излегува само со богати мажи: „Не готвам, немам секс со нив, бескорисна сум и горда сум на тоа“

Тиктокерката Џени Јакила (30) откри дека не готви, ниту има секс со богатите партнери со кои излегува бидејќи, како што вели, „е целосно бескорисна и горда на тоа“.

Џени изјави дека има „радикални мислења за хетеросексуалните врски“ откако во првата сериозна врска ги делела трошоците по половина со партнерот.

„За време на нашата врска станував сè понезадоволна, поисцрпена и на крајот ‘прегорев’ додека се обидував да ги усогласам работата, факултетот и таа врска 50/50“. Кога сфатив дека не можам повеќе така, мојот поранешен партнер презеде иницијатива и одлучи да стане моја финансиска поддршка.“, рекла таа.

Џени раскажа како тогаш имала повеќе време и енергија да се посвети на своето здравје и благосостојба, па сè повеќе почнала да се интересира за духовноста и манифестацијата. Така научила многу за женската енергија и нејзината магнетна моќ.

„Истовремено видов промена кај мојот поранешен партнер кога тој целосно ја прифати својата машка улога на хранител. За еден месец, неговиот бизнис напредуваше“, рекла таа.

„Потоа уште неколку години бевме среќно заедно. Патувавме во речиси 30 земји додека тој ги преземаше сите финансиски обврски, но на крајот одлучивме да се разделиме“, додала Џени.

Трендот на „мажи хранители“ станува сè попопуларен – сè повеќе жени бараат партнери кои можат да се грижат за нивните финансиски и практични потреби.

@jennyjakkila ne ei vaa oo tarpeeksi yksinäisii vieläkää… smh 🫤 ja muista et miehet laittaa rahaa juttuihin joita ne arvostaa ja jos ne ei laita rahaa suhu nii ne ei arvosta sua piste pädäbumbädäbim #deittailu #rakkaus #ihmissuhteet #parisuhde #poikaystävä ♬ original sound – Crystal


Јакила, која е од Финска, а моментално живее во Берлин, објасни дека, според нејзиното мислење, маж хранител е некој кој сака да се грижи за жените, особено за својата партнерка.

„За таквите мажи, тоа е прашање на чест – да бидат хранител, заштитник и решавач на проблеми. Мажот хранител длабоко ја почитува и обожува женственоста и не пресметува кој ‘добива повеќе’ во врската. Не верувам во традиционални родови улоги и се згрозувам од тоа да ме поистоветуваат со движењето ‘традиционална жена’“, рекла Јакила.

Јакила смета дека жените треба да бидат со мажи само ако на некој начин имаат корист од нив, пишува „Нид ту ноу“.

„Мажот мора да внесе нешто конкретно во животот на жената – да ги плаќа сметките, да дава подароци, да завршува работи и да го подигне квалитетот на нејзиниот живот“, рекла таа. „Она што мажите го добиваат од жените е бесценето – самата присутност на жената има лековит ефект врз мажот“.

Јакила вели дека секогаш чека три до четири месеци пред да одлучи дали вреди да се вложува во некого во љубовна смисла.

„Не верувам во интимност пред сериозна врска. Физичката интимност ја гледам како енергетско спојување, а многу малку се мажите чија енергија би сакала да ја спојам со мојата – да не зборувам за ризиците како бременост или сексуално преносливи болести“, објасни таа.

Но, дури и ако само излегува со маж, таа сепак очекува тој да ја издржува бидејќи „му го дава своето време и енергија“.

„Се разбира дека добивав подароци како чанти, облека и патувања. Тоа е затоа што излегувам исклучиво со финансиски стабилни мажи, кои можат барем да го одржат мојот моментален животен стандард, а пожелно и да го подобрат. Ги преферирам претприемачите со менталитет за раст“, рече Јакила.

Со оглед на нејзиниот номадски начин на живот, омилени ѝ се номадските претприемачи. Поради своите силни ставови за врските, Џени вели дека добива многу закани преку интернет. За среќа, вели дека успева да ги игнорира.

„Добивам еден куп насилни закани од мажи, особено сексуално насилни. Мислам дека тоа е тажна реалност за секоја жена која е присутна онлајн. Не ми влијаат и не ги сфаќам сериозно, особено затоа што не живеам во Финска, каде што е повеќето од хејтерите“, сподели таа.

Јакила смета дека жените од мали нозе се условени слепо да веруваат во љубовта и мажите, поради романтичната пропаганда во филмовите, книгите и музиката.

@jennyjakkila kohtele jokaista miestä kuin se olis providermies 🤝 #prinsessakohtelu #providermies #treffit #deittailu #suomitiktok ♬ original sound – jennyjakkila


Таа вели дека патријархатот ја поттикнува „одбери ме“ културата, во која жените бараат машко одобрување и внимание како потврда на сопствената вредност, што често ги доведува до искористување, манипулација и трауми во младоста.

„Жените треба да бидат себични. Јас сум целосно бескорисна и горда на тоа. Ништо не внесувам ‘на маса’. Не готвам, не чистам, и искрено – не сакам ни да живеам со маж“, рече таа.

„И мажот секогаш треба да плаќа – тоа е најмалку што може да направи додека жената го дава своето скапоцено време, енергија и внимание и буквално ризикува многу со самото тоа што му дава шанса“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот