Фото: Принтскрин / Тикток

ВИДЕО | Девојка купила 3,5 килограми половен накит за 65 долари, па пронашла луксузен часовник „Гучи“

Оливија Гилчер од Мичиген, САД обожава накит и често гледа огласи на социјалните мрежи, каде што наоѓа разни предмети поповолни цени.

Таа особено сака да купува „мистериозни пакети“, а неодамна имаше извонредна среќа во пазарењето, по што се пофали на Тикток.

Оливија купила торба со 3,5 килограми половен накит за 65 долари, а потоа внимателно го прегледала секое парче, па во еден момент забележала „дијамант“, пишува „Њујорк пост“.

„На почетокот не верував дека е оригинален“, рекла воодушевената Оливија.

Имено, таа пронашла, ни помалку ни повеќе, луксузен часовник „Гучи“ со златна белегзија, произведен во 1980-тите.

„Го погледнав врежаното лого, идентификацискиот број… Сè беше на свое место. Го отворив капакот за да го видам механизмот и да ја потврдам неговата автентичност. Ми падна вилицата од шок“, објаснила Оливија.

Таа додава дека во доцните 1980-ти, малопродажната цена на овие часовници била помеѓу 500 и 1.000 долари.

Девојката некое време се двоумела дали да го задржи овој колекционерски предмет, но на крајот го продаде за 550 долари.

@livz_fitz Fun fact: I used to work at a luxury watch store ?. My Depop is ? in bio! #thriftfinds #gucci #luckygirlsyndrome #jewelrytiktok #fypage #VintageJewelry #ThriftHaul #luxuryfashion #daintyjewelry #finds #real #80s ♬ Aggy – Coco & Clair Clair

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот