Фото: Инстаграм/Лора Вилсон

ВИДЕО | Детска маица на „Зара“ повлечена од продажба по бурна реакција на тиктокерка: „Ова е сосема несоодветно за деца“

Тиктокерката Лора Вилсон објави фотографија од детска маица на „Зара“, која на крајот беше повлечена од продажба поради нејзината жалба.

Станува збор за бела маица со јагоди како дизајн и со текст кој гласи: „Гризни ја. Наплив на слатко задоволство, што ја прави совршена летна закуска. Јагода – мала експлозија на радост“.

Вилсон смета дека овој натпис е „сексуално сугестивен“.

„Јас не сум премногу чувствителна во однос на облеката, но пред некој ден бев во продавница на брендот ‘Зара’ и го видов ова парче во делот за мали девојчиња. Ако сте го купиле ова за вашето дете, според мене, треба сериозно да се запрашате самите себеси. Јас сум во шок. Дали е до мене или, едноставно, не е океј? Никогаш не би ги облекла вака моите ќерки. Не знам дали проблемот е во мене или ова е погрешно?“, вели таа во своето видео.

„Го објавив ова на ТикТок за да слушнам и туѓи мислење. Многу е јасно дека и останатите размислуваат како мене. Тоа е многу сугестивно. Оваа маичка е за деца од 6 или 7 години и сметам дека не е во ред“, додаде Вилсон.

@chaos.to.sanity If you think this is wrong – please let me know so i don’t feel crazy… is this wrong? Or not? Personally, I’m disgusted – who is buying this t-shirt for their child?!! #zara #disgusted #foryou #fyp #fypviralシ #makethisviral ♬ original sound – LJ?

По објавата на инфлуенсерката, се огласија и претставниците на брендот „Зара“ и соопштија дека маицата ќе биде тргната од продажба.

„Фразата ‘гризни ја’ на оваа маица немаше намера да имплицира ништо друго освен традиционалното значење на фразата, како што сведочи фотографијата на јагодата на облеката. Меѓутоа, сега разбираме дека некои поединци го толкувале терминот поинаку, затоа ја отстранивме маицата од продавниците од нашата веб-страница и се извинуваме за какво било недоразбирање или навреда“, рекоа тие, а пренесе „Дејли мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот