Фото: Screenshot_

ВИДЕО | Десет години од најлудите 50 секунди во историјата на фудбалот

На денешен ден пред 10 години Вотфорд и Лестер одиграа неверојатен натпревар во полуфиналето од плеј-офот за влез во Премиер лигата. Натпреварот беше завршен со веројатно најлудите 50 секунди во историјата на фудбалот.

Лестер во плеј-офот се пласираше поради гол-разликата во последното коло, а Вотфорд беше пред директен пласман во Премиер лигата, меѓутоа во последното коло изгуби од Лидс и мораше да оди во доигрувањето.

Првиот натпревар Лестер го доби со 1:0 на својот стадион, а Вотфорд во реваншот водеше со 2:1 и изгледаше дека натпреварот оди во продолженија бидејќи во Чемпионшип и тогаш не важеше правилото за гол во гости. Судијата Мајкл Оливер даде четири дополнителни минути за игра, но се играше до 97-та минута.

Оливер наседна на глумата Ентони Нокерт и досуди пенал за Лестер. Во тој момент на семафорот сотеше 96:02. Нокерт кој асистираше за двата гола на Лестер во ова доигрување ја зема топката и одлучи сам да го изведе пеналот. Тоа беше „меч топка“ за Лестер, но Алмунија го одбрани неговиот пенал, одлично реагираше шпанскиот голман и по одбиената топка.

Тогаш се очекуваше крај и продолженија, меѓутоа тогаш Вотфорд повлече брза контра која заврши со гол на Трој Дини за големо славје.  На семафорот тогаш беше 96:52, точно 50 секунди откако Лестер доби пенал за пласман во финалето прими гол со кој доживеа елиминација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот