Фото: Denver Nuggets

ВИДЕО: Денвер на чекор од полуфиналето, Јокиќ запиша нов трипл-дабл, но Мареј беше човекот на вечерта

Денвер Нагетс се на чекор до пласман во втората рунда од НБА плејофот, откако изутринава убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 131-115 и поведе со 3-2 во серијата.

По двете тесни победи, Нагетси одиграа моќен натпревар во кој доминираа речиси од самиот старт. Веќе по првата четвртина имаа предност од 12 поени, а иако Клиперс се доближија на -8 до полувремето, домашниот тим повторно го подигна нивото на игра во вториот дел. Со неверојатна прецизност од далечина, Денвер стигна и до +24, што беше недостижно за гостите.

Клиперс накратко се доближија до девет поени негатива, но Ерон Гордон и Џамал Мареј брзо ја вратија контролата. Токму Мареј беше човекот на вечерта, извонреден со 43 поени , 7 асистенции и 5 скока. Српскиот центар Никола Јокиќ не беше прецизен во шутот (4/13 од поле), но повторно блесна со својот универзален придонес, 13 поени, 12 асистенции и 10 скока за нов трипл-дабл.

Кај Клиперс, најрасположен беше Ивица Зубац со 27 поени, но неговиот ангажман не беше доволен да го спречи поразот.

Денвер сега има предност и мирен пристап кон шестиот натпревар, во кој ќе се обиде да ја затвори серијата и да го избегне евентуалниот седми меч. Победникот од оваа пресметка во втората рунда ќе се соочи со Оклахома Сити тандер, кои веќе го елиминираа Мемфис во четири натпревари.

РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Милвоки 119-118 (4-1)
Њујорк – Детроит 103-106 (3-2)
Бостон – Орландо 120-89 (4-1)
Денвер – ЛА Клиперс 131-115 (3-2)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!