Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Дејвид Бекам повторно ја бакнува ќерката Харпер: Таа сега е млада дама, не е мало дете

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам сподели видео во кое ја бакнува на усните својата ќерка Харпер (12), додека таа го шминка за време на модната недела во Париз, пишува „Дејли мејл“.

Во видеото кое Бекам го сподели на својот инстаграм-профил, таткото и ќерката се снимаат додека се подготвуваат за ревијата на Викторија Бекам, а во позадина се слуша познат хит на Тејлор Свифт.

„Мојата мала шминкерка работи добро и има одлична плејлиста (Тејлор Свифт). На пат сме, мамо“, напиша тој во описот и ја означи својата сопруга Викторија.

Секако, најмногу внимание меѓу неговите следбеници привлече тоа што на крај од видеото, тој ја бакнува Харпер. Многумина го критикуваа, додека други сметаа дека е сладок и невин момент меѓу татко и ќерка.

„Убава ќерка на татко, но бакнежот на усните не изгледа како што треба. Таа е млада дама сега веќе не е мало дете“; Ваков татко во животот ѝ е потребен на секоја девојка“; „Зошто ја бакнуваш ќерка ти во усните? Тоа е чудно и несоодветно“, „Иако ова е многу слатко, ве молам не ја бакнувајте ќерката во усни“ ; „Доста е веќе со бакнување на усни!!“, беа дел од коментарите.

Со години Бекамови предизвикуваат широка дискусија за нивната наклонетост кон децата, особено откако Дејвид почна да споделува слики на кои се гледа како ја бакнува својата ќерка.

Во 2017 година, Дејвид, кој исто така е татко на Бруклин (24), Ромео (21) и Круз (18), беше принуден да ја брани својата одлука, инсистирајќи дека тој и неговата сопруга Викторија се „секогаш многу приврзани“ кон нивното четиричлено потомство.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот