Фото: Twitter Screenshot @Policia

ВИДЕО: „Дедо Мразовци“ од Шпанија правеле Божиќна лотарија со пакетчиња кокаин

Двајца шпански дилери на дрога се уапсени бидејќи имале намера да организираат божиќна лотарија нудејќи им на луѓето пакетчиња полни со кокаин, хашиш и алкохол, соопшти денеска локалната полиција.

При претрес на домови на дилерите на дрога на истокот на Шпанија, полицијата пронашла плакат со најава за лотарија со наградата „пакетче со дрога“. На ѕидот бил закачен и список на оние кои купиле пакетче од пет и десет евра.

При полициската акција откриени се 165 насади на марихуана, како и одредени количини кокаин и хашиш.

Божиќна лотарија

Во оваа акција полицијата пронашла нешто што досега не се случило – календар со план за лотарија – нивните клиенти купувале билети за „Божиќна лотарија“ по 5 и 10 евра, а извлекувањата биле закажани за 22 декември и 6 јануари.

Во победничката корпа требало да има кокаин, хашиш, тутун, алкохол и пари.

Уапсени се Шпанец и Аргентинец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот