Фото: EPA-EFE/STRINGER

ВИДЕО: Дамфрис ја сруши Аталанта, Интер обезбеди финале во италијанскиот Суперкуп

Фудбалерите на Интер се први финалисти во Суперкупот на Италија откако денеска со 2:0 беа подобри од Аталанта во натпреварот кој се играше во Саудиска Арабија.

Беа „нероаѕурите“ подобар противник од почетокот на средбата и создаваа повеќе прилики за гол, но знаеше да се закани и Аталанта. Сепак, по првите 45 минути не видовме мрежите мируваа.

По само четири минути игра во вториот дел Интер стигна до предност со погодокот на Дамфрис. Не се промени многу сликата на теренот ниту по тој водечки гол на избраниците на Инзаги, па на половина час пред крајот Дамфирс постигна уште еден гол за конечни 2:0.

Аталанта во 72. минута успеа да ја затресе мрежата преку Едерсон, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.

Противник на Интер во финалето ќе биде подобриот од второто полуфинале кое утре ќе го играат Јувентус и Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот