Пријатели / Friends
Актерската екипа на телевизиската серија „Пријатели“ / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

ВИДЕО | Дали знаете која епизода од серијата „Пријатели“ фановите ја мразат?

Уживавме во секоја епизода од серијата „Пријатели“, но една епизода ја зеде титулата најомразена меѓу најголемите фанови.

Според рејтингот на „IMDb“ и коментарите на обожавателите, најомразената епизода од една од најдобрите серии од деведесеттите е официјално „Епизодата со поканата“. Од сите 236 епизоди, 21-та епизода од 4-тата сезона е најнеомилена.

Дали се обидувате да се сетите на оваа епизода што се емитуваше во април 1998 година? Дозволете ни да го освежиме вашето сеќавање.

Во оваа епизода, Рејчел добива покана за венчавката на Рос и Емили. Секако, ова не ѝ се допаѓа на Емили бидејќи Рос првично ѝ ветил дека нема да ја покани својата поранешна девојка, Рејчел.

По долго размислување, Рос сфаќа дека не може да не ја покани Рејчел на свадбата во Лондон. Епизодата се состои од многу спомени од односот на Рос и Рејчел, па не е ни чудо што на „IMDb“ епизодата е оценета со само 7,2, наспроти просекот од 8,5 на сите други епизоди.

Бидејќи сите навивавме за Рејчел и Рос, на многумина им беше тешко да го гледаат како Рос се жени со друга девојка.

Фановите беа пресреќни кога Рос случајно го изговори името „Рејчел“ пред олтарот. Сепак, љубовта на парот процвета дури откако Рејчел се откажа од кариерата во Париз со цел да остане со него.

Останатото е историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот