
ВИДЕО: Далас може и без Лука Дончиќ, Орландо ги изненади Денвер и Никола Јокиќ
Екипата на Далас дојде до 21 победа сезонава во НБА лигата откако со 139:103 триумфираше дома над Портланд. Во составот на Маверикси не беше еден од најдобрите играчи Лука Дончиќ поради повреда на глуждот.
Препорачано
Како прв стрелец во триумфот се истакна Кајри Ирвинг со 24 поени, девет скокови и пет асистенции, следен од Тим Хардавеј кој имаше 19 поени, како и Џејден Харди (по девет скокови и асистенции).
За Трејлблејзерси Џереми Грент реализираше 18 поени, додека Скот Хендерсон запиша „дабл-дабл“ учинок од 17 поени и 10 скокови. На табелата во Западната конференција Далас е седмопласиран (21-15), додека Портланд е претпоследен на 14 место (9-25).
Денвер на домашен терен изненадувачки загуби од Орландо со 120:122. „Магичните“, кои ја прекинаа низата од три порази, беа предводени од расположениот Паоло Банкеро со „трипл-дабл“ од 32 поени, 10 скокови и 11 асистенции.
На спротивната страна за Нагетси повторно најефикасен беше Никола Јокиќ со 29 поени и осум асистенции. На Западот Денвер е на третата позиција (25-12), а Орландо шестопласиран на Истокот (20-15).
НБА лига, резултати –
Бостон – Јута 126:97
Индијана – Атланта 150:116
Бруклин – Оклахома 124:115
Кливленд – Вашингтон 114:90
Филаделфија – Њујорк 92:128
Чикаго – Шарлот 104:91
Хјустон – Минесота 95:122
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 95:111
Далас – Портланд 139:103
Денвер – Орландо 120:122
Феникс – Мајами 113:109
Голден Стејт – Детроит 113:109
ЛА Лејкерс – Мемфис 113:127
Сакраменто – Торонто 135:130