д-р Игор Балевски, кардиолог од Марибор / Утрински брифинг

ВИДЕО | Д-р Балевски: Единствен лек за оваа болест е вакцината

 -Не се очекуваше нагол скок на заразените. Но морам да кажам дека во Словенија сѐ уште нема висок број на вакцинирани. Само 53% се вакцинирани со две дози. Самиот вирус станува сѐ повирулентен, полесно се шири и со потешки облици. И со почетокот на зимата дојде до зголемување на бројот на заразени. Се очекуваше овој четврти бран, но не во овој степен , изјави за Утрински брифинг проф. Д-р Игор Балевски, кардиолог во Марибор.

-Состојбата е релативно стабилна, бидејќи две години се бориме со оваа болест. По потреба отвораме нови центри. Кадарот е добро едуциран, а и болниците се добро опремени, додава тој.

– Веројатно ќе се воведат нови мерки, ќе се отворат додатни интензивни неги. Предност е што со секој помал град има интензивни неги, додава Балевски.

-Факт е дека Словенија е далеку од посакуваниот број на вакцинирани. Антиваксерското движење е силно во Словенија. Лекувањето е многу едноставно – со вакцина. Не можам да раберам како луѓето не можат да разберат дека единствен лек за оваа болест е вакцината, вели Балевски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот